Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Законот за пушење пу пу не важи, ама за да не е дека бизнис заедницата е газда на државата, превидуваме фази за имплементација“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Коментари
media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu
unsplash

„Законот за пушење, очигледно, не важи. Бизнис-заедницата рекла дека ако не се пуши ќе падне прометот и ќе се отпуштаат луѓе, па сега сме ‘во ред’ да се пуши“, реагира Ина Многуфина во јавна објава, коментирајќи ги најавите за нов пристап кон примената на забраната за пушење во угостителските објекти.

Таа иронично забележува дека, за да не изгледа како бизнис-заедницата да е „газда во државата“, се најавуваат фази за имплементација и едукација.

— реклама —

„Колку фази се потребни за да се тргнат пепелниците – не знам. А што со едукацијата? Ќе одат ли по маси да им велат ‘ц, ц, ц’ на луѓето?“, прашува Многуфина.

Според неа, суштинскиот проблем не е во тоа што законот не постои, туку во тоа што не се почитува.

— реклама —

„Законот за пушење постои одамна, само никој не го спроведува. И сега наместо да се инсистира на негово доследно почитување, ние ќе го официјализираме непочитувањето“, наведува таа.

— реклама —

Во својата реакција, Многуфина прави и алузија на култната сцена од југословенската хумористична серија „Топ листа надреалиста“, во која иронично се изговара репликата „Пушењето е дозволено, дури и пожелно“.

„Може слободно да ја искористиме, бидејќи и така живееме во надреално време“, заклучува таа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања