Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ денеска до Советот на Град Скопје поднесе Иницијатива за дислокација на Цементарница Усје, со која бара Советот јасно да заземе став дека тешката и високозагадувачка индустрија нема место во густо населено урбано подрачје и дека Усје мора да биде изместена надвор од Скопје и надвор од кое било населено место.
Со иницијативата се предлага градоначалникот на Град Скопје овој став да го достави до Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина и Собранието, за тие понатаму да постапуваат во рамки на своите надлежности.
ТИТАН Усје: Работиме под законските лимити, обвинувањата за загадување се неосновани
Компанијата ТИТАН Усје целосно ги отфрла, како што наведува, „неоснованите и невистинити обвинувања“ дека е извор на загадување на воздухот во Скопје, оценувајќи дека тие не се поткрепени со научни и мерливи податоци.Од компанијата информираат дека нивното работење е под 24-часовен независен мониторинг, а сите податоци од мерењата се јавно достапни и редовно се доставуваат до надлежните институции, медиумите и граѓанскиот сектор.„Сите досегашни мерења покажуваат дека работењето на ТИТАН Усје е п
Скопје | пред 7 месеци