Промени тема
Контакт

Зошто куќен, наместо ефективен притвор за Ѓоко Ристов: боледувањето една од клучните причини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryusoaotm4okl41nid1sT
Скопје1.мк

Можноста за бегство секогаш постои, но постојат и други околности, меѓу кои и боледувањето, беше образложението на обвинителката Искра Хаџи Василева во врска со предлогот судијата Ѓоко Ристов да биде ставен во куќен притвор наместо ефективен притвор, мерка што судот ја прифати. Според неа, со оглед на активното боледување, но и врз основа на проценката на Обвинителството, определената мерка се очекува да ги даде своите резултати истрагата да тече без влијание на сведоци, а Ристов да биде достапен за органите на прогонот

— реклама —

Ова објаснување доаѓа по низата реакции и прашања во јавноста, поврзани со тоа дали Ристов може да влијае врз истрагата доколку не биде сместен во истражен затвор, како и дали постои ризик од бегство, особено по сознанијата дека во домот на неговите родители биле пронајдени 350.000 евра заѕидани во ѕид. Коментарите одеа дотаму да, се отвори прашањето дали може да има и други пари кои по дојава би смениле место каде се наоѓаат - нешто што досега не е потврдено ниту со истрагата, а ниту со докази.

— реклама —

И покрај овие дилеми, обвинителката оцени дека куќниот притвор во овој момент е соодветна и пропорционална мерка. Таа посочи дека Обвинителството внимателно ќе го следи нејзиното почитување и дека секое евентуално прекршување на условите ќе резултира со барање за определување притвор.

— реклама —
media-librarydpnicq8ibi208QQpSMW

Како истражителите ги најдоа парите во ѕид: „Се потрудивме да не кршиме, ама дупката се појави одма, а низ неа парите“

Во домот на родителите на судијата Ѓоко Ристов биле извршени два претреси на иста локација, при што првиот обид завршил без пронаоѓање пари, иако истражителите наишле на тазе бетон и дупка под него. Дури при вториот претрес, кога тимовите на Министерството за внатрешни работи со истражителите на ОЈО-ГОКК влегле со повеќе опрема и засилени истражни капацитети, биле откриени скриени пари.При вториот влез во куќата, истражителите ги прашале родителите на судијата дали поседуваат пари, на што тие од

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryk9chqiu7d1gceH1tl4i

Родителите на судијата тврделе дека 350.000 евра ги заработиле тие од земјоделие односно грозје, па ги скриле во бункерот зад ѕидот

Родителите на судијата од скопска Апелација, Ѓоко Ристов, тврделе дека парите. 350.000 евра најдени скриени зад плочки во ѕид не се на нивниот син, туку нивна сопственост, стекнати од земјоделие.Кога истражителите односно полицијата побарала појаснување, родителите на Ристов рекле дека се од „лозје“. Ова беше соопштено на брифингот со новинарите од обвинителката Искра Хаџи Василева која го води предметот за противправно стекнување имот и перење пари против судијата.Обвинителката Искра Хаџи Васил

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfb964a4bea3413gB3XX

Сопругата на судијата Ѓоко Ристов по сведочењето на свекорот и свекрвата: „Од кога е срамота да се печали од земјоделие?“

Коментари | пред 1 ден

— реклама —
media-librarypndrifbcb0na1QRbNBu

Како се ваделе парите од ѕидот кај родителите на Ристов: Криминалистички техничар сведочеше за претресот, одбраната докажува пропусти

Македонија | пред 4 дена

media-libraryfb964a4bea3413gB3XX

„Јас ги печалев, жена ми ги ставаше во ѕидот“ – таткото на судијата Ристов за скриените пари, обвинителката го соочи со ДНК-резултатите

Македонија | пред 4 дена

media-libraryrfsg4jpttu6o122N5yi

„Плетев до три часот наутро“ – мајката на судијата Ристов објаснуваше како ги стекнале илјадниците евра зад плочките

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања