Актуелно

Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021година

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес на своите граѓани на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес за 2021 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Охрид, како и давање на можност средставата кои определено здружение на граѓани ги добило од општина Охрид да ги искористи како учество во друг меѓународен проект кој секако би носел бенефит за градот Охрид во областа на социјалната политика и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.
На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.

– Под правни лица се подразбираат установи од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија кои се занимаваат со активности од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби.

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата на граѓани и фондации кои учествуваат на јавниот повик за добивање средства од Буџетот на општина Охрид се:

– Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации;

– Да спроведуваат активности од минимум една година;

– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес кои се од областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик  и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби ;

– Да не добиле средcтва или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.

Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.

Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се превзема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект/програма се пополнува одделна пријава.

Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2021 година.

Апликантите покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:

– Фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија

– Копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)

– Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави. 

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2021 година“ или лично во архивата на Општина Охрид.

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

 

https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d0%bd%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%bc-2/

На почеток