Актуелно

Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство се заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро

Развојот на туризмот, зачувувањето на животната средина и светското природно наследство се заеднички интереси на трите крајбрежни општини на Охридското Езеро, напиша ан својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додаде:

За таа цел на денешниот состанок со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и градоначалникот на Поградец, Република Албанија, Илир Џаколи, разговаравме за воспоставување на поголема меѓусебна соработка и креирање на заеднички проекти со кои ќе може да аплицираме на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на ЕУ, за период од 2021 до 2027 година.
Продолжуваме и понатаму редовно да комуницираме и да се залагаме за заедничките интереси на нашите граѓани.

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток