Актуелно

Георгиески: Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии

Продолжува исплатата на ученички и студентски стипендии. Деновиве се исплатени уште три рати од стипендиите за студенти и четири рати од стипендиите за основци и средношколци во вкупен износ 2.838.000 денари. Досега од општинскиот буџет за оваа намена се исплатени вкупно 4.872.000 денари, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Оваа година општина Охрид додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии. Целта на стипендиите е мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.

извор: ФБ Константин Георгиески

 

На почеток