Светите браќа Кирил и Методиј борејќи се за признавање на словенското писмо и јазик, го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик.
Нивното историски и културолошки значајно дело претставува огромен цивилизациски придонес за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености. Со своето творештво даруваа многу народи со писменост, просветлувајќи го патот на развојот и културното издигнување. Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес преку писменоста обединува многу народи.
Нека е вечно името на светите браќа, а делото нивно да го зачуваме од заборав. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители и да го славиме уште многу години, стои во ФБ објавата на градоначалникот Георгиески.
Георгиески:Светите браќа Кирил и Методиј го афирмираа правото на еднакво признавање на секој јазик
Од
Објавено на