Актуелно

(ВИДЕО) Комплетно реконструирана улицата “15-ти Корпус” – Охрид доби модерен и уреден влез

Со реконструкцијата на улицата “15-ти Корпус” Охрид доби модерен и уреден влез на еден од главните приоди кон градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:

✔️Улицата е во должина од 1900 метри
✔️Поставен е нов асфалт на коловозот
✔️Извршена е замена на атмосферската канализација
✔️Комплетно се уредени пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата
✔️Поставено е ново осветлување
✔️Поставена е нова современа хоризонтална и вертикална сигнализација
✔️Поставена нова водоводна линија и изградени се три потпорни ѕидови
✔️Проектот е со вкупна вредност од 58 милиони денари.
👍Продолжуваме посветено да работиме и да инвестираме во сообраќајната инфраструктура. Охрид заслужува современ урбан развој.

На почеток