Успесите и испорачаните резултати на Општина Охрид во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО, беа едни од најважните причини поради кои Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, на вчерашната седница, одлучи да ни даде уште една шанса и дополнителен рок за зачувување на Статусот на заштитено подрачје на Охридскиот регион.
Остануваме посветени, ги обезбедуваме најдобрите услови и ги реализираме најдобрите мерки со кои ќе ги зачуваме вредностите на нашиот Охрид!
Им порачувам на сите еколошки организации, поединци и политички партии, кои беа наши дежурни критичари и секојдневно отвараа негативни теми во јавноста, во иднина да покажат поголем степен на свесност и преку конкретни предлози и проекти да дадат поддршка на целокупниот процес за заштита на непроценливо богатство кое го ни е оставено како аманет, напиша во својата ФБ објава градоначалникот Георгиески.