(ФОТО) Ѓорче се двои од другите општини, целта да биде најчисто населено место е се пореална
Општината Ѓорче Петров е една од ретките, а можеби и единствена каде Комуналниот пункт секојдневно известува за спроведените акции, се објавуваат известувања, се делува транспаретно. Целта е општината да биде исчистена од смет, проблем на кој граѓаните и во минатото постојано реагираа. Граѓаните велат дека за пофалба е што тие секогаш можат да контактираат со надлежните, како преку социјалната мрежа „Фејсбук“ така и преку број оставен на страницата.
„Промените се случуваат“, велат од Комуналниот пункт, со објаснување: „Го искосивме насипот на Вардар до очната болница, и во Хром потегот покрај Вардар, етапно се средува цело Ѓорче“.
Вчера пак, акција имаше околу црквата св. Петар и Павле.
„Започнавме со разубавување на просторот околу црквата Свети Петар и Павле во пресрет на големиот христијански празник Велигден“, известија од Комуналниот пункт.
Организирана беше и нова акција за собирање на кабаст отпад.
„Успешно спроведена акција на Еко Флор во Ново Село, Волково, Кисела Јабука, Стопански Двор, Орман и Никиштани на собирање кабаст отпад и отпад од растително потекло. Покрај пунктовите , се собираше и од дома во Никиштани и Орман. Во акција се собрани 12 тони шут ,кој се депонирани во Дрисла“, информираа од Комуналниот пункт.
Надлежните во овој пункт при Општина Ѓорче Петров, внимаваат дотолку, што ги санираат и шахтите, по пријави од граѓаните.
Решенија за проблемите на граѓаните секогаш има, велат од Комуналниот пункт, па додаваат дека секогаш се обидуваат да реагираат брзо и ефикасно. Како што додаваат, проблеми многу, време малку, па потенцираат дека сите проблеми се нотирани и се реагира тековно.