(ВИДЕО) Исповед на жители на Столац: Се случи катастрофа, не се сеќавам на ваков земјотрес


Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа со епицентар во Столац, официјално е потврдено од Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ.
Жител на градот во Херцеговина, видно потресен, проговори откако неколку земјотреси ја погодија земјата, но најлошо беше во Столац, каде е забележана една жртва.
„Бев во кревет и кога почна да се тресе, беше катастрофа. Внукот беше со мене. Заедно истрчавме надвор. Кај нас нема никаква штета, затоа што е нова зградата, само нешто малку испука“, вели таа.
„Едниот син е со семејството, другите беа тука, пред зградата. Што да ви кажам“, вели жителка.
Таа вели дека не ја познавала Елмира Сефо (1994), девојката која загина во синоќешниот земјотрес.
„Не ја ни познавам девојката. Тага. Ваков земјотрес во Столац немало. Тука сум, живеам и работам, но не паметам ваков земјотрес“, додаде таа.
