Свет

Владејачката партија во Финска го поддржа влезот во НАТО

Владејачките социјалдемократи во Финска го поддржаа пристапувањето на Финска во НАТО, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на партијата по специјалниот состанок. Со овој потег, Финска е чекор поблиску до пристапување во НАТО, откако претседателот Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин ја изразија својата поддршка минатата недела.

Одлуката на социјалдемократите значи дека во финскиот парламент има големо мнозинство кое се залага за влез во НАТО, што е одлука донесена од владата, но бара и одобрение од парламентот. Марин ја повтори својата поддршка за влез во НАТО за време на говорот пред партиските претставници во саботата, велејќи дека Русија покажала дека не ги почитува меѓународните договори, пишува Yle. Таа додаде дека од тоа може да се извлече само еден заклучок, а тоа е дека е време за влез во НАТО.

Финска би можела да објави одлука дали да се приклучи на НАТО до недела.

На почеток