Актуелно

Познато кој ќе го реставрира клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарска меморија“ ќе ги покријат трошоците за возобновување на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, откако вчера беше опожарен центарот на бугарството кај нашиот западен сосед, соопшти фондацијата.

Тимот на Фондацијата „Бугарска меморија“ најостро го осудува овој чин на агресија и инсистира на навремена акција на надлежните институции за откривање на сторителите на вандализмот.

„Ние сме разочарани од овој вандализам. После тоа, не можеме да кажеме дека во Република Северна Македонија се почитуваат човековите права. И покрај тоа, културниот центар нема да престане со работа, напротив – продолжуваме уште посилно да се бориме за правата на бугарската заедница во Македонија. Сакаме да му се заблагодариме на д-р Милен Врабевски што толку долго ги поддржуваше нашите активности и уште еднаш изрази желба да ни помогне, покривајќи ги трошоците за материјалната штета од подметнат пожар“, изјави Георги Царномаров од Центарот за култура „Ванчо Михајлов“, Битола.

На почеток