Актуелно

Силни експлозии во Миколаев: „Останете во засолништата“

Силни експлозии го потресоа украинскиот град Миколаев рано утринава, изјави градоначалникот Олександар Сенкевич, само еден ден откако украинските власти потврдија дека најмалку 21 лице загинало во руски напад врз цивилни објекти во близина на пристаништето Одеса на Црното Море.

Сирените за воздушен напад се огласија пред експлозиите низ регионот на Миколаев, кој граничи со важното украинско пристаниште Одеса, соопшти британската агенција.

„Во градот има силни експлозии! Останете во засолништата! напиша на Телеграм градоначалникот на Mиколаев. Засега не е познато што ги предизвикало овие експлозии, пренесува Ројтерс, истакнувајќи дека не може самостојно да го потврди овој извештај.

Ден претходно беше потврдено дека 21 лице загинало откако руски проектили погодиле зграда во близина на пристаништето Одеса.

На почеток