Актуелно

Јоци добила порака од Маричиќ: Татко му на ‘бифтекон’ ми пиша дека сум била платена, а дека тој се бањал

Политикологот Јорданка Ивановска-Јоци напиша на социјалните мрежи дека такото на Бојан Маричиќ ѝ пишал во инбокс на „Фејсбук“. Таа обзнани дел од комуникацијата, со образложение дека јавниот интерес е поголем. Го искоментира и тоа што го добила.

Ивановска-Јоци додава:

„Татко му на ,,бифтекон” Марициќ, извесен Момир Марициќ, ми пиша дека сум ,,платена”, а дека тој се бањал⁉️ (веројатно алудираше дека јас сум ,,небањата” (!?), иако по редот на нештата треба да се грижи за син му и неговата јавна естетика и здравје).

Се изнервирал веројатно човекот што не сум на страната на мафијашката власт, ја сакам Македонија, а веројатно и што син му, други го пишуваат дека многу јаде и троши народни пари. Ако сака син му да погледне како татко му манијачи во инбокс, ќе му испратам копии. Да беше таткото малку повеќе информиран, ќе знаеше дека не треба ни збор да ми пишува, бидејќи ќе биде објавен, а и дека јас сум одлично ситуирана од дете, веќе 46 години.

Во цивилизирани држави, за вакво нешто ќе покренев тужба и ќе добиев јавно извинување. Такво нешто нема логика во земја каде правдата е умрена на рацете, токму на син му! По тој повод, бидејќи јавниот интерес е повисок, воедно таткото врши притисок врз слободната мисла со примитивни навреди, ќе им се обратам и јавно – и нему и на син му.
Готово е со власта, привилегиите, проценти, бифтеци, јастози и разни qурвички во чинии со јабука во уста.
Лично ќе го испратам цело СДСМ на депонија! Око не ми трепнува! Можете колку сакате да навредувате, но народот е тој кој ја донесе оваа монструозна партија на власт, тој и ќе ја погреба СДСМ без почести! Јас ќе им ги дадам лопатите! А, потоа ќе видиме кој, кого ,,избањал”!

На почеток