Од нарушени меѓуетнички односи до повици за линч, што доби Македонија во изминатиов месец
Илија Димовски, кој смета дека францускиот предлог е штетен, наброја и што доби Македонија во изминатиот месец додека се дискутира за пристапувањето кон ЕУ.
Неговиот статус во целост..
„Плодови на досегашните месец дена “европска патека”:
➡️ нарушени меѓуетнички односи;
➡️ поделено општество како никогаш до сега;
➡️ повици за линч и политичко насилство;
➡️ монтирани инциденти за нарушување на слобода на протест;
➡️ нееднаков третман на граѓаните од државните органи;
➡️ нарушување на слободата на мисла и говор со пријави за “говор на омраза”;
➡️ македонски јазик унилатерално запишан во записник на ЕУ како дијалект на бугарскиот јазик;
➡️ историска комисија за редефинирање како обврска на патот кон ЕУ;
➡️ споделени и рецензирани учебници со Бугарија;
➡️ рецензија врз државната поддршка на културата и творештвото во Македонија;
➡️ табли, написи и ознаки на историски личности, настани и места рецензирани од Бугарија;
➡️ уставна нееднаквост и потчинетост на Македонците;
➡️ закани од лидер на владина партија кон Македонците;
➡️ прекршена резолуција на Собранието на Република Македонија.
…
Ова се факти, а вие радувајте се на зборови…“, нашиа Димовски.