Итна евакуација: Пукање на аеродромот во Канбера
Аеродромот на австралиската престолнина Канбера денеска е евакуиран.
Евакуацијата се случила откако маж почнал да пука од огнено оружје, но потоа бил уапсен од полицијата, соопштија официјални лица.
Полицијата навела дека во инцидентот нема повредени, а се верува дека напаѓачот бил сам, пренесува Ројтерс.
„Аеродромскиот терминал превентивно е евакуиран, а ситуацијата на аеродромот е под контрола“, се вели во соопштението на полицијата. Во овој момент аеродромот се уште е блокиран. Инцидентот доведе и до откажување и доцнење на летовите.
За пукањето на аеродромот претходно пишуваа и локалните медиуми, кои исто така наведуваат дека нема повредени и дека има еден напаѓач.