Актуелно

(ФОТО) Емили Ратајковски проговори за „изразито вулгарниот“ фустан што го носеше

Манекенката Емили Ратајковски проговори за модните избори за 2016 година, за време на една епизода од серијата на YouTube „Fashion Flashback“ на Harper’s Bazaar.

Во видеото, Ратајковски се присети на реакциите со кои се соочи откако носеше фустан од Џулиен Мекдоналд на забавата на Harper’s Bazaar’s Icons во септември 2016 година.

Таа истакна дека еден критичар го нарекол фустанот, кој има длабоко деколте и странични шлицови, како „извразито вулгарен“.

“Ова е веројатно најконтроверзниот фустан што некогаш сум го облекла. Немав поим каква сцена ќе предизвика”, изјавила манекенката додека на екранот се појавила нејзина фотографија во фустанот.

„Некој го нарече „вулгарeн“ и предизвика многу контроверзии на интернет“.

Таа се присети на некои дополнителни реакции со кои се соочила за модниот избор, откривајќи дека некои нејзини агенти и биле „лути“ поради фустанот бидејќи мислеле дека е „премногу секси“.

Таа рече дека не знаела дека фустанот изгледа така бидејќи има проѕирен дел, кој признала дека не се гледа на фотографиите.

На почеток