Речиси четвртина од населението на Германија се мигранти или потомци на мигранти


Речиси четвртина од германското население има мигрантско потекло, објави во четвртокот Заводот за статистика.
– 19 милиони или 23 отсто од населението на Германија се или имигранти или двајцата родители емигрирале во Германија – наведува Институтот.
Од нив, 14,2 милиони или 17,3 отсто се луѓе кои емигрирале во Германија од друга земја по 1950 година. Од нив, 4,7 милиони или 5,7 отсто се потомци на директни имигранти. Кај уште 3,7 милиони жители, еден од родителите е имигрант, но според последните критериуми овие лица повеќе не се бројат како лица со мигрантско потекло.
Статистиката не ги вклучува бегалците од Украина
Според податоците на Евростат, Германија е меѓу земјите на Европската унија со најголем процент на имигранти меѓу жителите. Рекордери се Малта (22,3 отсто) и Шведска (21,9 отсто), додека Бугарија, Романија и Полска имаат најмал удел на имигранти во вкупното население (под еден отсто).
Со оглед на тоа што објавените бројки се однесуваат на 2021 година, статистиката не ги вклучува бегалците од Украина, од кои само во Германија побегнале повеќе од милион.
