Македонија

Јанакиевски пред почетокот на денешното рочиште го праша пријателот на Груевски:„Јадеше гулаш, а?“

Пред почетокот на денешното рочиште на судењето за насилството пред Општина Центар, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, му постави прашање на пријателот на Никола Груевски, Александар Трајковски,  дали јадел гулаш?

„Јадеше гулаш, а?“, го праша Јанакиески. Трајковски му одговори:

„Јадев, зашто да не јадам. Има дана за мегдана“, по што останатите обвинети кои чекаа да почне рочиштето во чекалницата се изнасмеаја.
На денешното рочиште за овој предмет треба да бидат изведени материјални докази на Обвинителството, меѓу кои и две аудиоснимки на СЈО.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток