Во рамки на меѓународната соработка со Царинската управа на Кореа на средбата во Царинската управа беа договорени насоките за идна соработка. Царината на Кореа е водечка царинска служба во светот и лидер во иновативните технологии, пред се во дигиталните вештини и Е-царина.
„Во наредниов период нивната помош ќе биде насочена кон подобрување на капацитетите за Е-трговија и дигитализирање и забрзување на царинската постапка во поштенскиот промет“, истакнув директорот на цринската управа Ѓоко Танасоски.