Коментари

Нема за пензии, за лекови и лекување на деца, ама 80.000 евра ќе фрлиме во вода, за бифтеци на ненајадениве, коментира Кираџиева

Весна Кираџиева од „Левица“ ја искритикува кампањата „Ние сме Европа“ за која ќе се платат 80.000 евра.

„За да убедуваат народ колку е добро да те силуваат и да плаќаш за тоа, од НАШИ, народни пари, ќе фрлат 80.000 ЕУР!

> Нема за пензионерите, пошто нели, Фондот не можел да поднесе;

> Нема за Трикафта и други лекови за деца и лица со ретки болести;

> Нема за лекување, а за деца собираме пари со СМС пораки!

Ама за да нè силуваат фашисти и да си ќутиме и уште да викаме ура и уште да бараме – имало, ете 🤬
Само да ве потсетам, исто вака со илјадници фрлени евра, НАШИ ПАРИ, ве убедуваат дека името нè кочи за бесплатно здравство, влез во НАСА и Илон Муск.

Еве до кај сме денес – никаде, назад, во XIX век, преговараме за идентитетот и јазикот, ете до каде нè доведоа квислинзите регресивни.

Единствени кои го кочат патот кон ЕУ се криминалите, корупцијата и безредието на СДС/ДУИ/ДПМНЕ, триесет и кусур години! Тоа стои и во сите извештаи на Европската комисија, а стои и во Францускиот предлог, во кој јасно е напоменато дека промена на Уставот не значи ништо по автоматизам.

Ама битно 80.000 евра ќе фрлиме во вода, за бифтеци на ненајадениве.

Никад да не се најадете, све малку да ви биде“, напиша таа.

На почеток