Коментари

„Пендаровски нема став, за важни државни позиции често ги менува ставовите“ – низа критики од пратеникот Милошоски

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека претседателот Стево Пендаровски е еден од оние што носат одговорност за потчинетата положба на Македонија кон Бугарија.

„Како претседател има сериозна надлежност во надворешната политика, но нема конзистентен став. За битни државни позиции често дијаметрално ги менува ставовите, со што кај граѓаните наместо сигурност, создава недоверба и несигурност. Во октомври 2020 да тврдите дека е “вон памет” да се прави промена на Уставот, а по две години од Собранието да побарате “да се промени Уставот”, е одлика која му личи на биполарен политички аналитичар, но не му личи на претседател на држава“, пишува тој.

Потоа додава: „Министрите Османи и Маричиќ исто така имаат слаби перформанси во надворешната политика, но, Претседателот Пендаровски дефинитивно нема капацитет ниту да ги координира, ниту да ги корегира. Затоа слабостите на овој надворешно-политички тим резултираат со слаби позиции на Македонија во меѓународната арена, бидејќи нивните ставови не се земаат за сериозни и долгорочни“.

На почеток