„Таче излезе поштракнат од Заев“, вели Јаулески за изјавата на премиерот со келнерите
Од
Објавено на
Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ, упати нови критики кон СДСМ. По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека келнери му барале да ги врати во Македонија, Јаулески возврати.
„Порано зборувавме за Македонија во ЕУ, сега да бидеме келнери во Словенија, тоа е она што СДС го нуди.
Таче излезе поштракнат од Заев, тоа мора да се признае! Тие келнери се истите оние кои СДС ги избрка од Македонија и за кои остава кондури пред влада!
Како Стево, верувам дека и Таче да не беше премиер на среќа, ќе се отселеше штом е толку добро таму. Па, среќен пат!“, напиша Јаулески.