Коментари

Нè вратија два века наназад, со ситни букви и кришно да си пишуваме „Ние сме Македонци“, реагира Кираџиева

Весна Кираџиева од Левица реагира на политиките кои ги спроведува СДСМ. Таа смета дека политичарите ги вратиле граѓаните два века наназад, кога со страв се викало „Ние сме Македонци“ како израз на бунтовност.

„Нè вратија два века наназад – со ситни букви во внатрешна страна на дрес, тивко и скришно да си пишуваме „Ние сме Македонци“, како израз на бунтовност и пркост и со тоа да се гордееме.

Како во времето на најголемиот монархофашизам во Егејска Македонија, кога тивко морале да зборуваат македонски и не смееле да кажат дека се Македонци, па скришно си зборувале, зашто јазиците им ги сечеле и тивко потпевнувале на македонски свадби со македонски песни, зашто ги тепале крвнички по нозете, ако ги начекале да играат на македонски песни. Фала на „прогресивноста“ СДС/ДУИ, Таче, Заев, Османов Бугар, Маричиќ, Димитров, Шекеринска и останата клапа прогресивци. Идат избори, памет во глава народе!“, пишува таа.

На почеток