Коментари

СДСМ го воведе, ДУИ и ВМРО го издигнаа до совршенство – Најчевска открива за тендерските „игри“

Професорката по право, Мирјана Најчевска, посочува: „Прв порив кој ми доаѓа е да ја адресирам арогантната и безобразна глупост на човечево контролирано од мафијата“.

Таа додава дека тоа не помага никому.

Нејзиниот став во целост:

„Затоа ај да пробам да го направам она за што ме обучувале – да го бранам правото.
1. Тоа што некој дал најниска понуда не го менува фактот дека станува збор за субјект кој си ја купил позицијата со донации на оние кои му ги доделуваат парите. Уште повеќе што станува збор за поранешен висок функционер во власта и неговото семејство кои се дел од владејачката партија. Едно со друго не се негираат.

2. Тоа што не се криеле само ја потврдува сигурноста на мафијата дека веќе ги има купено сите јавни обвинители и судии, а човечето кое седи во премиерската фотеља едноставно не го ни сајкали.

3. Стар начин на изигрување на тендерите (кој го внесе во игра СДСМ во едни подалечни времиња) а ДУИ и ВМРО го издигнаа до совршенство е токму давање најниска понуда со која навидум легално се исфрлаат од игра другите конкуренти, а потоа цената постепено се билда со анекс договори кои наводно се однесуваат на непрдевидени трошоци и се дуплира, триплира, десетплира, …“

На почеток