Коментари

Неверојатни се идеите на ДУИ: Го напаѓаат бизнисот, ја префрлаат топката, отвораат простор фими да се обојат како антиалбански

Новинарот Горан Теменугов на социјалните мрежи го искоемнтира ПР-от кој го води ДУИ во јавноста. Тој посочива: „Јавно кажувам. Сакам да испијам кафе со ПР на ДУИ“.

„Неверојатни им се идејите за проактивно дејствување во време и простор. Видете што прават во моментов. Постепено во јавноста создаваат фронт против “Олигарси” и дека нивната партија е на удар од нив“, додава Теменугов.

Тој ги анализира и целите кои ги постигнуваат со ваков начин на дејствување.

„Со ова: 1. Предизвикуваат емотивна реакција кај граѓаните кои се уште ја паметат транзицијата, која како и секоја промена беше мачна, тешка и со испокршени човечки судбини. 2. Го напаѓаат бизнисот и го ставаат во дефанзива, бидејќи никој не може да се мери со тој што е на власт. 3. Ја префлаат топката од политичките, на економсмите “парава” на Албанците, поле кое досега не беше политички артикулирано како проблем. 4. Отвораат простор секое чудно преземање на фирми, со чудно потекло на капитал, да го обојат како антиалбанско. Чудно од аспект фирма која не работи добро и за 0 денари да купи имот вреден милиони евра. 5. Веројатно некој во СДСМ ќе се понуди како заштитник на “Олигарсите” и од тоа ќе прави пари. Секако и во ДУИ. Финта добар и лош полицаец. Ова отвора и други можности, ама да видиме накаде ќе тера работава“, додава Теменугов.

На почеток