Кај наплатната рампа Дољевац на автопатот Ниш-Лесковац, утрово се случи тешка сообраќајна несреќа, во која една жена загина, а 4 лица се повредени, меѓу кои и директорот на ,,Коридори Србија“, Зоран Бабиќ.
Танјуг јавува дека директорот Бабиќ има тешки повреди , со отворени скршеници по телото.
Според српските медиуми несреќата е случила при влез кај наплатните куќички, поради магла и неприлагодена брзина, се судриле три возила, во едно од нив настрадала жена која седела на задното седиште и била врзана со појас.
Фото: курир.рс
