Коментари

„Ќе бидеш никој и ништо“ – Хајредини му се обрати на Маричиќ

Ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини, ја искоментира изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ кој убедува дека треба да се направат уставните измени. Маричиќ рече: „Ако нема уставни измени за седум години на следните генерации треба да им објасниме зошто не сме меѓу новите членки на ЕУ“.

На ова зоврати Хајредини.

„Никој нема да бара од тебе некому нешто да објасниш. Ти тогаш нема да бидеш тој што си сега. Ќе бидеш никој и ништо“, напиша ексминистерот.

На почеток