„Се лажирале таму истории и така се крадело, од мртви од живи“ – доктор бара одговори од колегите од Онкологија
Докторот Ненад Лазаров бара колегиумот на Клиниката за онкологија да излезе во јавност и да објасни дека пациенти не добивале физиолошки раствор наместо лекови. Тој им порача дека имаат вина бидејќи молчеле внатре.
„Треба да излезе некој од онкологија од стручен колегиум јавно да објасни дека не примаат физиолошки место лекови пациентите туку дека се крадело да ама на други начини,мисли ли некој на пациентит утре што треба да одат таму за потреби и по терапија?
И да, имате вина што сте молчеле сите од внатре до сега, а сега коа ве млатат сите ни криви ни должжни сеа пишувате
Се лажирале таму истории и така се крадело, од мртви од живи, или ко сестрата шо крадела ампули цели, не е возможно да скратиш толку од пациенти за да им се дава само физиолошки ве молам не паничете!
Оваа вест не е од вчера, 20 милиони евра загуба е генерирана на некој му одговараше моментов како тајминг!
Очигледно имало општ хаос ама да не додаваме измислици дека физиолошки примаат пациентите редовно“, напиша Лазаров.