Сите следни протести треба да бидат кај кривците пред врата, дома да им се оди, порача новинарката Цветковска
Новинарката Сашка Цветковска порача дека следните протести кои ќе се организираат, треба да бидат пред домовите на виновниците. Таа смета дека нема поента протестирање пред институции.
„Сите следни протести треба да бидат кај кривците пред врата, дома да им се оди. Зградите на институциите пред кои протестираме се окупирани од криминалци, безрбетници и хоштаплери, нема поента веќе таму да се изразува револтот.
Значи кај обвинителите пред врата, кај функционерите, кај олигарсите, кај пратениците, па и каj претседателот Стево Хорхе, да не помисли дека ќе заборавиме каква поданичка кукавица е“, напиша Цветковска.
Ова следува по низата протести како за Онкологија, така и за изгорената модуларна болница во Тетово, кои се случаи за кои одговорност нема.