Коментари

Се јавила зајачицата на Ахмети и Груби од Пешта, да собере поени врз грбот на Јанакиески кој изгуби здравје за 7 години, коментира Јоци за Груевски

Политичкиот аналитичар Јорданка Ивановска-Јоци, го искоментира експремиерот Никола Груевски, кој се огласи откако Европскиот суд за човекови права пресече дека ексминистерот Миле Јанакиески бил незаконски држен во притвор. Јоци го нарече Груевски „зајачица“, па посочи дека нема срам.

„Се јавила зајачицата на Ахмети и Груби од Пешта, од својата топла, удобна одаја со нозе на табуретка, да собере поени врз грбот на Миле Јанакиески кој изгуби здравје за 7 години по притвори и затвори. Не, нема срам!
Избега кукавички, без око да му трепне, а ги остави вмровци да скапуваат по апсаани и да остарат предвреме отплаќајќи негови криминали и гревови. Секако, за овие 7 години, тој си позираше по кафичи и по плоштади, па го сликаа со плавуши и бринети, чисто нас во МК да ни праат филмови како бил случајно фатен од ,,туристи”. Истите што го пуштија“, напиша Јоци.

Таа додаде: „Секако, нарсицоиднава зајачица со патологии, која здува и ги остави пријателите на цедило, не пропушта со секој нов отрцан статус да ни приложи и нов, фотошопиран портрет од себе од манекенска фотосесија.
Заврши неговото. Остана да му ги читаат глупостиве и да му се воодушевуваат само од дијаспора, луѓе кои не ги знаат состојбите во земјава и доаѓаат еднаш во 50 години тука“.

„Ова е само почеток“, се огласи Груевски

На почеток