(Фото) Арсовска со Дедо Мраз ја чека Финансова да кажат дали сторила злоупотреби со елката
Финансиска полиција влезе во Град Скопје, потврди за „Скопје1“ директорот Горан Иванов, а градоначалничката Данела Арсовска без одговори дали се чувствува исплашено по последните чекори на институциите да бараат злоупотреби во нејзината работа. Наместо тоа, Арсовска објави фотографија со Дедо Мраз, како игра шах.
„Во исчекување на резултатите од истрагата за елката“, напиша Арсовска.
Директорот на Финансиска, Иванов, за „Скопје1“ посочи дека не може да сподели детали оти предметот се истражува. Посочи дека ова се првични проверки, што остава простор да не биде и последен влез на оваа институција во Град Скопје.
Во исто време, ја прашавме Арсовска дали и е одземена документација, на што таа не одговори. Молчењето на Арсовска е стар принцип, ретки се приликите кога таа комуницира со јавноста.
Кај Арсовска се испитува дали постапила погрешно бидејќи го украсува Скопје плаќајќи на фирма, избрана преку јавен повик, а не преку тендер.