Македонија

Не го препознавам Вевчани, жалам за трагедијата, сочувство до фамилијата Муковски, рече министерката Стојчевска

Улиците на Вевчани се празни, а министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска посочува дека општината не ја препознава во вакво светло. Изрази сочувство до семејството на експратеникот Крсто Муковски, чиј син Милан, загина во сообраќајна несреќа.

„Не го препознавам Вевчани вакво. Навистина ми е жал за трагичниот настан. Би сакала да изразам сочувство до фамилијата. Јас за жал знам како изгледа таа болка. Дојдов со градоначалникот да видиме што ќе се случува. Знам дека ситуацијата е неизвесна. Она што ќе одлучат граѓаните на Вевчани да се случува, тоа и ќе се случува. Од наредна година, традицијата ќе продолжи понатаму“

Вевчани потресено од трагедијата која се случи ноќеска, откако во сообраќајка загина Милан Муковски, жител на општината и син на експратеникот Крсто Муковски. Годинешнава Василица нема да биде како минатогодишните. Скоро и да нема маскирано лице по улиците.

На почеток