Се вози брзо, без возачка, со телефон на уво – 162 казни за еден ден само во Скопје
Од
Објавено на
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои 30 санкции за непочитување на брзината на движење, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.