Свет

Русите ја нападнаа Украина со ракети, одекнаа експлозии, Полска дигна авиони

Русија тврди: Украинците ракетираа село, има мртви меѓу кои и дете

Руските сили ја нападнаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро рано утрово, при што беше повредено најмалку едно лице, рече регионалниот гувернер, додека медиумите во Суспилна објавија дека има експлозии и во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки.

„Непријателот ја нападна критичната инфраструктура во регионот. Главна цел на непријателот е нашиот народ и виталните места за населението“, напиша гувернерот на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак на Телеграма, пренесува Јутарњи лист.

Лисак не објасни за каков напад станува збор, но коментаторите на Телеграм објавија за употребените проектили и експлозии во областа. Исто така, наводно имало и прекин во снабдувањето со електрична енергија и вода. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите од областа.

Медиумската куќа „Суспилне“ објави за руски крстосувачки ракети во украинскиот воздушен простор и експлозии во регионите Ивано-Франковск и Хмелницки и градот Днипро, додавајќи дека не е познато дали проектилите погодиле некоја цел.

На почеток