Свет

(Видео) Пожар го зафати целиот град, има жртви: Наредена е итна евакуација

Во пожар настрада 83-годишна жена од Липково

Најмалку едно лице загина во пожар во сојузната држава Ново Мексико, во Соединетите Американски Држави, а илјадници луѓе се евакуирани од планинскиот дел на државата, соопшти кабинетот на гувернерот на Ново Мексико.

Гувернерката на Ново Мексико, Мишел Лујан Гришам, прогласи вонредна состојба на територијата на градот Руидосо, а во таа област беа распоредени војници на Националната гарда, пренесе АП.

Лујан Гришам изјавил дека повеќе од 500 згради биле уништени или оштетени во пожарот, но не е познато колку куќи биле зафатени од пожарот.

Таа рече дека пожарот зафатил површина од 80 квадратни километри, а причината за пожарот се истражува.

На почеток