Скопје

(Видео) „Преку глава ми е“, Стојкоски се налути откако со комбе во вреќи исфрлаа отпад среде Ѓорче

Засилени контроли се прават од општинските служби на Ѓорче Петров поради одлагање на кабаст отпад на несоодветни места, како и правење на мини-депонии покрај контејнерите. Вчера, градоначалникот на општината, Александар Стојкоски и лично затекнал лица кои исфрлале вреќи со отпад покрај контејнери, по претходни дојави од граѓани.

Од снимките кои ги направиле жителите се гледа како лицата прво се расправаат со градоначалникот, на што тој повикува инспектори кои треба да постапат. За да избегнат одговорност, трите лица ги собираат вреќите со смет и ги враќаат назад во возилото со кое ги донеле. Градоначалникот Стојкоски им укажува дека му е преку глава од вакво однесување, а им најавува и дека за ова ќе понесат правна одговорност.

„Преку глава ми е…“, им вели Стојкоски, кој повикал инспектори.

Ова е уште еден проблем кој го има низ Градот Скопје, покрај преполните контејнери на кои скоро сите граѓани беа сведоци изминативе месеци. Дополнително, неретко, ЈП Комунална хигиена и одбива да го собира отпадот покрај контејнерите, без разлика што е оставен бидејќи истите биле преполни.

И Град Скопје, најави засилени контроли со кои сака да стави ред при одлагање на отпадот, иако, главниот проблем е недостаток на камиони и работници кои истиот би го собирале.

На почеток