Македонија

Никако не смее да има закон со кој ќе се исплати штета на припадник на ОНА или негово семејство, децидна е Најчевска која аргументира

Професорката по право, Мирјана Најчевска, сметак дека не треба да се донесе е Закон за бранителите од конфликтот од 2001 година. Таа посочува дека треба да се донесе само закон за обештетување на жртвите од конфликтот.

„- Во еден таков закон треба да се предвиди обесштетување на сите оние кои како дел од полицијата и војската се повредени и на семејствата на сите загинати полицајци и војници.

– Никако не смее да има законско решение со кое би се исплатила штета на било кој припадник на ОНА или член на семејство на припадник на ОНА кој загинал во конфликтот.

Не смее да се поистоветат луѓето кои согласно законот и Уставот учествувале во конфликтот со оние кои го предизвикале конфликтот, кои ја нарушиле безбедноста на државата и граѓаните и кои делувале во насока на насилно рушење на правниот поредок на државата.

Со склучувањето на договор за мир овие луѓе се поштедени од кривична одговорност и им е дадена можност без никакви последици од своите противправни дејствија да учествуваат во економскиот и општетсвениот живот на државата.

– Меѓутоа, во еден ваков закон треба да биде предвидена оштета за сите цивилни жртви од конфликтот нанесена од страна на полицијата и војската и нивните семејства (независно од етничката припадност).

– Трет дел од еден ваков закон мора да биде обештетување на внатрешно раселените лица (незвисно од етничката припадност) кои со огромна леснотија ги заборавија сите владејачки структури.

За да се изработи закон кој ќе биде основа на помирување, а не на нови конфликти потребна е широка јавна и стручна расправа, а не текстови подготвени од полуписмени и потполно неписмени претставници на одредени политички партии.

И секако мора да се отвори расправа за тоа зошто и како дојде до конфликтот, како се справи државата со конфликтот, и посебно за пропустите и грешките на тогашниот раководен кадар на чело на државата, во полицијата и во војската, кои доведоа до непотребни жртви и непотребна штета“, напиша Најчевска.

На почеток