Пиштолот беше со Палчо, до него, на биро, масиче – постоеа и две радио станици, сведочи Плотников, сопартиец од „Десна“
Кристијан Плотников, член на партијата Десна сведочеше дека Љупчо Палевски-Палчо со себе носел пиштол, и дека тој тоа го видел. Носењето на оружје го правдаше со наводни претходни напади кои Палчо ги имал. Посочи само дека постоеле две радиостаници. На прашање дали го познава обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, доби одговор: „Не го познавам човекот сега првпат го гледам, на ТВ го видов“.
„Во просториите на партијата немаше пиштол, кај Палчо да, имаше пиштол. Си го носеше со себе чисто за своја безбедност. Беше нападнат пред својот стан, во времето на короната мислам. Не сум сигурен. Беше со него, на дофат, на биро, на масиче, кога спие покрај него“, рече сведокот.
Потоа сведокот додаде: Кога беше штабот кај ‘Шампионче’, тогаш и му го земаа, затоа што имаше дозвола за поседување но не и за носење. Мислам дека некаде низ Македонија му го земаа, со него мислам беа Велибор и Влатко“.
Тој сведочеше и за близината која ја имал Палчо со останатите обвинети односно Боре Видевски и Велибор Манев.
„Последните месеци одев во партијата, но не интензивно. Палевски, Кешишов, Боре и Велибор, и милион други настани и луѓе беа присутни. Кешишев беше најчесто таму. На 30-ти Палевски не беше тука. Ми се јави генералниот секретар, ми рече дека Џоле (сопственик на возилото ‘рену кангу’ не му се јавува со жена му, дека се во полициска станица, поради возилото, од крвни деликти бидејќи се работи за убиство. 10-тина дена претходно ни кажа претходно дека предолго се подготвува да оди на лекар за кичматаа во Турција, и генералниот секретар рече: ‘како ќе идеш’, a тој одговори: ‘мора да се научите сами да работите морам јас да одам’. Пет-шест луѓе бевме, Влатко беше сигурно, незнам дали во просторијата или во куќата, и ген секот беше рече: ‘мора сам да го водиш одборот’. Тие денови околку 20-ти ‘Рено кангу’ беше таму, и го возеше кој стигне. По сценарио на „Тетовирање“ на бев повикан, туку приведен. Се видов со Васко и Џоле, сите бевме збунети што се случува“, додаде сведокот.
Сведочеше и за претресите во штабот откако беа приведени Манев, Видевски, Кешиев.
„При моето доаѓање забележав дека имаше Алфи во сеат возило пред штабот, и Палевски не е тука, Кешишев беше тука во партијата. И јас останав. И покрај инсистирањето на Влатко Кешишев дека се е во ред, да си одам – јас останав. Бидејќи Џоле веќе неколку часа беше во полициска станица и останав. Не го побарав Палевски. Васко кога дојде имаше комуникација со него покрај инспекторите. Васко рече дека го однел во Белград на некои прегледи или не знам зошто. Сум имал комуникација со Велибор и Кешишев, со Боре не.. Комунициравме преку Телеграм. Со Стефан Димковски се познавам, но не се видовме тој период. И тој ги имаше редуцирано посетите, поради деца близнаци, фамилија, бизнис со Холандија.. Палевски комуницираше со сите, па и со него. Димковски го немам видено по настаните“, додаде сведокот.
Палевски го поздрави сведокот бидејќи не го видел една година и го праша: „Дали имало нешто сомнително во претресот на полицијата во просториите на партијата Десна?“, на што сведокот одговори: „Кешишев инсистираше да си оди полицијата бидејќи се било во ред. Чудно беше и кога влезе полицијата и покажа налог, и Влатко Кешишев рече дека се е во ред нека влезат што ми беше исто многу чудно. Не ни кажа полицијата што бараат. Бев приведен после самиот претрес кога требаше возилото да се земе. Во станица ме чекаше лист за лишење од слобода“, додаде тој.
Палевски го праша сведокот дали бил сомнителен во однесување, на што доби одговор: „Не, воопшто“.