„Дежурниот доктор имал итен прием, ние чекаме со страшна аритмија, изгледа треба да се молиме само да се смири“ – пациент со искуство од Кардиологија
Скопјанецот Срџан Амет сподели искуство во кое посочува дека повеќе од еден час чекал дежурен доктор на Кардиологија, додека неговиот татко имал аритмија. Неговото сведоштво ви го пренесуваме во целост:
„Од 23:40 пациент со 150 пулс и страшна аритмија чека да се симне дежурен доктор за интервенција. Дежурниот доктор имал интен прием со друг пациент… ок разбирам. Но не разбирам како еден дежурен лекар кој покрива и одделение и ургентна и приеми… и сега ние треба да се молиме заедно со сестрата тука доле во урегтна само по себе срцето да се смири.
Морам да се јавам на Директорот Беким, на Проф Љубица, на Проф Костовски … за да ме истретираат соодветно и нормално.. зошто? Зошто мораме само кај нас да се јавуваме негде, кај некого за да го добиеме тој сервис кој што е нормален сам по себе за добивање… зошто? Очигледно реторичко прашање.
Е вечер не се јавувам… Ајде да видиме каква ние ургетноста, итноста, професионалноста. А ако татко ми има последици било какви поради ова чекање зошто сега е со 140 отчувувања во минута, тужба добива клиниката, дежурниот лекар и министерството. Јавно да си известам, без притисоци. Сега е 00:38. Up date: Примени 01:10 .. за сега санирани …“.