„Не само грбот туку и химната треба да се измени“, доаѓаат барања од партиите на Албанците дел од власта


Партијата ВРЕДИ најавува дека во претстојните разговори со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе се отвори прашањето не само за промена на државниот грб, туку и за измена на химната и вклучување на албанскиот јазик во Уставот. Ова денеска го истакна лидерот на ВРЕДИ, Биљал Касами, кој потенцираше дека тоа се европски вредности, во кои влегува и унапредувањето на албанскиот јазик.
– Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“. – Касами.
