Подолг период малолетникот возел со „аудито“ низ Скопје пред да прегази пешаци, се сомнева обвинителот и истражува како дошол до автомобилот


Обвинителството во Скопје ќе собира докази и за полнолетно лице, за кое се сомневаат дека подолг временски период му давал да го вози „аудито“ на малолетникот од Косово, кој е жител на Скопје, а со кое прегази пешаци. О
„Бидејќи се утврдени основи на сомнение дека полнолетно лице подолг временски период му овозможувало на малолетникот без дозвола да управува со автомобилот, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и против тоа лице и ќе ги испита и тие околности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.
Малолетникот нема документи од Македонија, но, тука го завршил и неговото образование. Обвинителството побара, а судот му одреди мерки за обезбедување присуство. Ќе се брани од слобода, но не смее да ја напушта Македонија, задолжително ќе треба да се јавува на суд и не смее да управува возизло. Тој немал возачка дозвола.
„Против пријавениот малолетник, кој не е државјанин, но е со постојано престојувалиште во нашата држава, е поведена постапка согласно Законот за правда за децата и се предложени мерки на претпазливост“, додаваат од Обвинителството.
Според последните информации, двајцата пешаци кои се негови врсници, се во добра здравствена состојба и немаат посериозни повреди. Тинејџерката на возраст од 17 години е пуштена на домашно лекување и немала никакви скршеници.
Несреќата се случи во петокот околу 22 часот на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје. Поточно, станува збор за Шуто Оризари.
Обвинителството прибира докази материјали по што ќе одреди и за кое кривично дело ќе го гони малолетникот.
