Актуелно

(ФОТО) Прво издание на „Ohrid Outdoor Festival“, убавините на Галичица ги видоа и туроператори и новинари од Италија

Голем број вљубеници во природата, активни планинари, велосипедисти и рекреативци денес имаа можност да уживаат во уникатните пејзажи и панорами на планината „Галичица“, Охридското и Преспанското Езеро, во рамки на првото издание на Ohrid Outdoor Festival, кое беше организирано од страна на Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ и Општина Охрид.

Прекрасното октомвриски сонце и ведрото небо, само ја надополнија целокупната атмосфера со силна позитивна енергија.

Во рамки на планинарските тури учествуваа и туроператори и новинари од Италија, кои се дел од овогодинешната Промо тура „Охрид 2019“, која има за цел да придонесе за приближување на охридските туристички потенцијали на италијанскиот пазар.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/posts/466519853953623

На почеток