Актуелно

(ФОТО) Се реконструираат внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“

Во тек се работни активности за реконструкција на внатрешните ѕидови во ОСУ „Свети Климент Охридски“.
Освен санирање и обработка на оштетените ѕидови во дел од училниците и ходниците, се врши и комплетно молерисување на сите училишни простории. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 378.780 денари.

Според планираното, во текот на наредниот период планирана е реконструкција на училишните простории и во дел од останатите основни и средни училишта на подрачјето на општината, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.643988012873472/643987742873499/?type=3&theater

На почеток