Администрацијата на Трамп ги проверува сите 55 милиони носители на визи во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
sad

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна обемна проверка на сите 55 милиони носители на странски визи во САД, со цел идентификување можни случаи за отповикување или депортација поради прекршувања на имиграциските правила.

— реклама —

Претходно, Стејт департментот соопшти дека досега се одземени повеќе од 6.000 студентски визи поради различни причини – од пречекорување на дозволениот престој до случаи кога носители на визи биле фатени во возење под дејство на алкохол.

— реклама —

„Ги разгледуваме сите достапни информации како дел од нашата проверка, вклучувајќи евиденции за спроведување на законот или имиграцијата, како и други податоци кои стануваат достапни по издавањето на визата и кои може да укажуваат на потенцијална неподобност“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

— реклама —

Според портпаролот, „огромното мнозинство“ од одземените визи се поврзани со кривични дела како напад, провала, возење под дејство на алкохол, но и со „поддршка на тероризам“. При тоа, околу 4.000 лица изгубиле визи поради кршење на законот, додека од 200 до 300 визи биле одземени поради поврзаност со терористички активности или поддршка на терористички организации.

Во јавноста потсетуваат дека државниот секретар Марко Рубио и администрацијата на Трамп веќе беа во центарот на вниманието на почетокот на 2025 година, кога беше притворен и депортиран студентот од Колумбија, Махмуд Калил, поради неговиот пропалестински активизам. Калил подоцна беше ослободен и поднесе тужба против федералната влада.

Сегашното преиспитување на сите носители на визи претставува значително проширување на иницијалниот процес на повторна проверка, кој во почетокот беше насочен главно кон студентите инволвирани во пропалестински или антиизраелски активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library465pivf4os151y257RZ

Орбан: Добив покана за седница на Одборот за мир на Трамп во Вашингтон

Свет | пред 1 ден

media-library6oe6a0vvckavdfomPTA

Клинтонови бараат јавно сведочење за врските со Епстин

Свет | пред 1 ден

media-libraryphp1ntvsuipd2hhSb2O

Епстиновата бура би можела да собори светски лидер, но тоа нема да биде Трамп

Свет | пред 3 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Трамп: Никогаш нема да дозволам нашето присуство на островот Диего Гарсија да биде загрозено

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања