Промени тема
Контакт

Адвокатка предупредува по првото судење за Пулс: „Фрази како ‘ќе стигнеме до вистината’ ја изместуваат улогата на судот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Коментари
media-librarygph134rmne6kays8WVH

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска реагираше на воведната изјава на судијата на почетокот од судењето за случајот „Кочани“, во која тој рече дека „ќе се стигне до вистината“. Според неа, ваквата формулација може да создаде погрешна претстава во јавноста за улогата на судот и на одбраната во современата кривична постапка.

Јошевска-Анастасовска потсетува дека со реформите од 2010 година, кривичната постапка во Македонија премина од модел на „утврдување материјална вистина“ кон модел што го става акцентот на фер-постапувањето, еднаквоста на странките и докажувањето на обвинението „надвор од разумно сомневање“.

— реклама —

Според неа, изјави кои алудираат на „една апсолутна вистина“ може да ја збунат јавноста и да создадат впечаток дека одбраната е спротивставена на вистината или дека има негативна улога во процесот.

„Судот не е орган што треба самостојно да ја бара апсолутната вистина, туку неутрален арбитер што ги оценува доказите на обвинителството и одбраната. Ако ова јасно се објасни, јавноста подобро ќе разбере зошто обвинетите имаат право на бранител и право да изнесат аргументи различни од оние на обвинителството“, вели таа.

Адвокатката нагласува дека судот треба внимателно да ја формулира својата комуникација за да не создаде впечаток дека одбраната е „непријател на вистината“, туку да објасни дека сите страни во судницата се таму за да се утврди дали обвинението е правно одржливо.

— реклама —

„Тонот не смее да имплицира дека одбраната е нужно зло кое мора да се толерира. Целта на постапката е фер и транспарентен процес, а не моралистичка потрага по апсолутна вистина", додава Јошевска-Анастасовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 9 часа

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 6 дена

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања