Актуелно

Поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје

Со цел да се заштити животната средина и да се спречи влевањето на најразлични видови на цврст отпад во водите на Охридското Езеро, Општина Охрид започна со поставување на заштитни брани со мрежа на реките од езерското сливно подрачје, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додаде:

Ваква брана денеска беше поставена на реката Сушица, а во текот на наредниот период исти заштитни механизами ќе бидат поставени и на останатите речни корита.
Работните активности за поставување на браните ги изведуваат екипи на ЈП “Градски гробишта”, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток