Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти кој веќе го усвои Собранието и кој се однесува на легализација на дивоградби не се однесува на бесправните објектите во границите на Охридскиот регион.
Поточно законот не ги опфаќа дивоградбите кои го нарушуваат природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради.
Општина Охрид и во следниот период продолжува со акцијата на отстранување на бесправните објекти според препораките на УНЕСКО, напиша во ФБ објавата градоначалникот Георгиески.