Актуелно
Честитка од градоначалникот Георгиески за Рамазан Бајрам
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Во ова време кога човештвото се соочува со големата борба против пандемијата предизвикана од корона вирусот посакувам да покажете трпение и празничните денови да ги минете со почитување на пропишаните протоколи и мерки за заштита.
Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на толеранцијата, слогата, и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот.
Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.